Министерот за земјоделие, Љупчо Николовски вчера имал несреќа и ја скршил раката.
Тој на својот Фејсбук профил објави дека паднал од велосипед, но дека сè е во ред и утре им се враќа на обврските.
-Кај нашиот народ обично се вели “крши нога” за среќа и успех. Вчера попладне спортувајќи, по пад од велосипедот имам скршеница на раката. За среќа повредата не е сериозна и веќе утре им се враќам на работните обврски. Благодарност до лекарскиот тим и сите кои се грижите за мене. Благодарност и до отец Дејан Апостоловски и неговата сопруга, кои беа во моментот на мојата несреќа и ми помогнаа, напиша министерот.