По братот на исчезнатиот Мартин Јовановски по кој петти ден се трага на Халкидики, на социјалните мрежи се огласи и неговиот другар Иван кој беше исчезнат, но се спаси благодарение на топка во морето.
Тој вечерва објави дека во име на семејството отворил наменска донаторска сметка за собирање на средства.
-Јас, Иван второпронајдениот од тројцата изчезнати во Грција, во име на семејството на Мартин кои се во активна потрага, отворив наменска донаторска сметка за собирање на средства. Доколку сте во можност, би ве замолил за ваша донација за што побргу да ја завршиме оваа потрага и да им го олесниме товарот на неговата фамилијата – се наведува во неговата објава.
Претходно денеска, братот на Мартин, Горан објави дека потрагата е во тек, но со намален капацитет.