„Од парите не можев ни фустан да си купам“ – Како изгледаат нозете кои пред 30 години го залудеа светот? – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/22 8:00 PM

„Од парите не можев ни фустан да си купам“ – Како изгледаат нозете кои пред 30 години го залудеа светот?

Актерката Шерон Стоун наполни 64 години, а пред точно 30 години целиот свет полуде по жешка сцена од сега веќе култниот филм „Ниски страсти“.

Шерон постојано зборуваше јавно за тоа дека била изманипулирана за време на снимањето на таа конкретна сцена. Наводно не знаела дека планот бил да прикаже снимка од меѓуножјето одблиску кога ќе ги прекрсти нозете, што во тоа време било единствен пример во кинематографијата. Филмскиот режисер Пол Верховен во 2017 година ја обвини дека лаже и дека се е направено во договор со актерката.

– Секоја актерка знае што ќе се случи ако ја замолите да ја соблече долната облека и да ја сврти камерата кон неа – рекол тогаш.
Шерон беше недоволно позната ѕвезда пред култниот филм и рече дека добила таков хонорар од филмот што не можела да купи пристоен фустан за следните Оскари.

– Не бев добро платена за улогата во „Ниски страсти“. Мајкл заработи 14 милиони долари плус бонуси. Не заработив доволно пари за да купам фустан за следната церемонија на Оскар – изјави Шерон, а подоцна протече дека нејзиниот хонорар е 500.000 долари.
За 30-годишнината од „Ниски страсти“, продуцентите одлучија да ја објават режисерската ХХХ верзија на филмот, што го потврди и самата Шерон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


– Сега се применуваат нови правила кои ги штитат актерите, како што е Здружението на актерите на екранот, но во времето кога го снимав тој филм, тие не постоеја, така што не можат да се применат во оваа ситуација. Поточно, не можам да спречам објавување на нецензурирани сцени – објасни актерката.
Во новите материјали ќе се најде и обновената сцена на фамозното прекрстување на нозете, меѓу кои ќе има и бонус кадри на Мајкл Даглас и Шерон Стоун, кои досега не се прикажани во филмот.
Славната актерка деновиве одмара и се чини дека нашла одамна изгубениот мир. Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од нејзините нозе на јахта.

– Повторно на моето среќно место, напиша актерката со фотографија од нејзините нозе, кои, како што се согласија нејзините следбеници во коментарите, речиси и не наликуваат на оние од пред 30 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Шерон во 2001 година доживеа тежок мозочен удар, од кој долго се опоравуваше. Таа претходно откри дека морала повторно да ги научи основните работи за да функционира, како што се зборување, одење и пишување. Тој настан значително се одрази на нејзината кариера бидејќи практично беше отпишана во Холивуд. Тогаш имала 43 години, а само една година пред тоа, на 42 години, родила син.

– Целиот мој живот беше избришан. Ме гледаа како оштетена роба и избегнуваа соработка со мене – открила актерката.

Потоа се повлече од актерството и се посвети на воспитувањето на своите деца, закрепнувањето од мозочниот удар и разводот од новинарот Фил Бронштајн, со кого беше во брак 6 години. Судот старателството над детето му го додели на таткото, а актерката добивала само право на повремени посети. Една година подоцна посвоила дете, а подоцна уште две.
Актерката никогаш не се срамела да го покаже своето тело какво што е. Таа е една од ретките дами кои решија достоинствено да остари. Таа не ги крие своите години, пеги или дамки и е благодарна за се што има.

Шерон е позната и по нејзиниот натпросечен коефициент на интелигенција, кој наводно е дури 154.

Извор: република.рс