ММС, 25.09.2018
Триесет и тригодишен струмичанец денеска излетал со автомобилот во коритото на реката Отиња во Штип. Според полицијата, незгодата се случила во раните попладневни часови, кога струмичанецот М.Т, движејќи се од периферијата кон центарот на Штип, со автомобил „форд фокус“ со бугарски регистарски таблички, првин удрил во две паркирани возила, а потоа изгубил контрола и со „фордот“ излетале од патот и паднале во коритото на реката. Струмичанецот завршил без посериозни последици, а сопатничката, за која се претпоставува дека му е сопруга, завршила со помали повреди . Истрагата како дошло до невообичаената незгода е во тек.