Работниците кои ги градат коридорите 8 и 10 нема да работат по 60 часа неделно – Уставен ги послуша синдикалците – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/22 12:17 PM

Работниците кои ги градат коридорите 8 и 10 нема да работат по 60 часа неделно – Уставен ги послуша синдикалците

Уставниот суд на денешната седница го укина членот 12 од Законот за утврдување стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.163/2021).

Во членот 12 меѓу другото е предвидено дека „работното време на секој работник во текот на целиот циклус на Проектот може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината”.

Уставниот суд донесе одлука за укинување на оспорениот член бидејќи е во спротивност со темелната вредност владеење на правото предвидена во членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот,  како спротивен на членот 9 според кој граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Уставниот суд оцени дека со овој член се повредува правото на дневен и неделен одмор, односно дека  е во  спротивност со членот 32 став 4 од Уставот – соопштија денеска од Уставниот суд.

Уставните судии да не дозволат работниците да станат робови – Синдикалците бараат почитување на работничките права