„Порачајте им да не го предаваат народот“: Јавно споделени телефонските броеви на дел од пратениците – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/22 11:22 AM

„Порачајте им да не го предаваат народот“: Јавно споделени телефонските броеви на дел од пратениците

На социјалната мрежа Твитер се споделува фотографија на која се наведени телефонските броеви на пратениците од владеачката СДСМ и коалицијата.

Насловот на фотографијата е „ Порачајте им да не го предаваат народот“, упатувајќи на тоа дека треба да се ѕвони на нивните броеви и лично да им се изврши притисок да гласаат против францускиот предлог за нашата преговарачка рамка.

Фотографијата се споделува во пресрет на утрешната собраниска седница на која треба да се расправа за предлогот на француското претседателство. Од телефонската листа се изоставени броевите на раат пратениците од ЛДП, ДОМ и ДС.