Телото на 93-годишна жена беше пронајдено на крајот на април, а нејзината ќерка беше обвинета дека не ја пријавила смртта на нејзината мајка повеќе од два месеци.
Наводно на инспекторите им кажала дека купила замрзнувач и го ставила телото во него за да продолжи да ја добива инвалидската пензија.
Обдукцијата на телото покажала дека старицата починала од природна смрт и била мртва околу две недели пред нејзиното тело да биде ставено во замрзнувач. При претресот, полицијата во грмушката пронашла извалкан душек кој бил покриен со лисја од палми, пренесува „Ен-би-си њуз“. Обвинетата жена признала дека мајка си ја чувала на тој душек две недели додека не купила замрзнувач, каде потоа ја преселила.
Извор: mondo.rs