(Видео) Ноле фрлаше потпишани топчиња на балкон, луѓето во транс – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/22 10:16 PM

(Видео) Ноле фрлаше потпишани топчиња на балкон, луѓето во транс

Новак Ѓоковиќ од балконот на Стариот дворец ги воодушеви навивачите кои дојдоа да ја прослават 21. Грен слем титула со него.

Како изненадување за сите кои дојдоа да го поздрават, Новак во публиката фрлаше потпишани тениски топчиња.


Водителката Марија Килибарда во еден момент му предложи наместо во публиката пред него, топката да ја фрли на терасата од зградата од левата страна!
Новак Ѓоковиќ од третиот обид успеа да ја погоди терасата со потпишана топка, на општо воодушевување на сите присутни. Се радуваа луѓето кои ја примија топката со потпис на еден од најдобрите тенисери во светот, но и народот кој се собра пред стариот терен.