(Видео) Никој не виде кога ѝ се слоши – Ќерката на Моника Белучи уште поубава од мајката – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/22 8:00 PM

(Видео) Никој не виде кога ѝ се слоши – Ќерката на Моника Белучи уште поубава од мајката

Во сабота во градот Сиракуза на Сицилија се одржа спектакуларна модна ревија, а додека Моника Белучи ја следеше ревијата од првиот ред, на пистата ја наследи нејзината ќерка Дева Касел.
Дева на пистата прошета во целосно проѕирен, романтичен фустан од бела тантела, под кој се гледаше црна долна облека, а изданијата ги комплетираше со проѕирни црни ракавици и блескави балетанки. Својата бујна, црна коса лежерно ја пушти брановидно да паѓа, а со оваа фризура најмногу потсетува на својата славна мајка, барем од нејзините помлади денови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @devaccasel

Италијанските медиуми објавија дека веднаш откако се симнала од пистата, оваа 17-годишна девојка се онесвестила, наводно поради жештината, но работата ја завршила совршено – никој не се ни посомневал дека и е лошо.


Белучи ја роди Дева во бракот со францускиот актер Винсент Касел, а парот се разведе во 2013 година. Покрај Дева, тие ја имаат и ќерката Леона (13).
И иако Дева сега е редовна гостинка на ревиите и модните забави, до пред само две години нејзините родители љубоморно ја држеа подалеку од очите на јавноста, па нејзината фигура можеше да се види само на неколку минливи папарацо фотографии и тоа од далечина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Le Cai (@stacycaile)


Но, се се промени кога таа реши да тргне по стапките на својата мајка и да го најде своето место во светот на манекенството.

Извор: novosti.rs