По седмата титула на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ се врати во Србија, а од 20:00 часот во Белград се одржува свечен пречек на освојувачот на 21 шампионска титула на Грен слем турнирите.
Пред Собранието на Белград има неколку илјади луѓе, атмосферата е одлична, забележлива е голема возбуда кај присутните.
Според информациите од неговиот тим, Ѓоковиќ ќе се појави пред навивачите околу 21 часот.
Новак Ѓоковиќ во Србија пристигна во текот на денот, а вечер е закажан свечен пречек пред градското собрание на Белград. Навивачите веќе се собираат.
Dolazim! Vidimo se i hvala vam od srca!! Svuda podji, kući dodji! 👋🏻💪🙏🏻 pic.twitter.com/fWLjl5A0MF
— Novak Djokovic (@DjokerNole) July 11, 2022