Советничката за Култура и Промоција на Република Турција во Скопје, Чигдем Ѓулу,
на прошталната средба/прошталниот коктел организиран по повод завршување на
нејзиниот четиригодишен мандат организираше Ебру изложба и воркшоп каде што на
своите гости им ги изложи своите дела покажувајќи ја ебру техниката како една од
традиционалните турски уметности.
За време на нејзиниот мандат, Советничката Ѓуллу реализираше различни активности
за зголемување на туристичкиот капацитет и зајакнување на културните односи меѓу
Турција и Северна Македонија, давајќи секаква поддршка и организирајќи голем број
на патувања за Турција со претставници од медиуми од Северна Македонија, Албанија
и Косово. Работејќи на зајакнување на пријателството и историските односи меѓу двете
земји на културен план, Ѓуллу рече дека е вистинска гордост и чест и е среќна што ја
завршува својата мисија, оставајќи ги зад себе убавините на Турција, кои ги
привлекуваат не само очите, туку и нашите срца, кои се видливи на екраните и
билбордите во центарот на Скопје, а особено поголемиот дел во меѓународниот
аеродром во Скопје.
Објавено на: 07/11/22 7:04 PM