„Македонски екстра квалитет“ и „традицонален македонски квалитет“ – Комората ги промовираше сертификатните марки – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/22 12:09 PM

„Македонски екстра квалитет“ и „традицонален македонски квалитет“ – Комората ги промовираше сертификатните марки

Стопанската комора денеска ги презентираше сертификатни марки „македонски екстра квалитет“ и „традицонален македонски квалитет“, кои се воспоставуваат по барање на нејзините членки.
Сертификатните марки, како што беше речено на прес-конференција, ќе имаат големо влијание и придонес врз прмоцијата и додадената вредност на македонските производи и услуги на странските, но и на домашните пазари.
Носител на „македонски екстра квалитет“ може да биде производ или услуга со висок квалитет, произведен во Северна Македонија со доминантно учество на македонски труд и материјали од најмалку 60 отсто, со добра функицоналност, употребливост, современ дизајн и издржливост, но мора да е и присутен на пазарот најмалку една година.
За „традицонален македонски квалитет“, пак, може да се аплицира само ако производот е добиен со традиционална рецептура или постапка.

-Комората со овие две сертификатните марки дава директна поддршка на домашните производители, гарантирајќи ги притоа домашното потекло и квалитетот. Воедно се дава придонес и во одржување и зголемување на домашното проивзодство преку создавање посебен идентитет на македонските производи на странските и на домашниот пазар. Целта на сертификатните марки е и промоција на македонските производи и услуги, како и на македонските компании, поддршка за зголемување на нивната конкурентност и профитабилност, но и промоција на нашата земја во странство, поттикнување на домашното производство, креативноста и иновативноста, истакна потпретседателката на Стопанската комора Анета Трајковска.

Како што објасни Трајковска, издавањето на сертификатните марки базира на строго утврдени критериуми, правила и процедури, а во процесот на проверка се вклучени експерти од различни области.

-Очекуваме во овој процес да се вклучат и големите трговски ланци преку промоција на производите со сертификатна марка, подвлече Трајковска, додавајќи дека сертификатните марки може да се аплицираат на амбалажата, да се стават на веб страницата на компанијата и на промотивни материјали.

Стопанската комора најави дека на 14 јули ќе одржи посебна прес-конференција по повод 100 години од постоењето.