Грчките медиуми јавиваат дека вчера во водите на Јонско Море на Лефкада исчезнало момче. Грчкиот портал aromalefkadas.gr вчера попладне објавил вест дека уште едно момче исчезнало и дека се трага по него, но не наведува од каде е момчето.
-Аларм во Лефкада за исчезнување на 25-годишен пливач, во Милос, во Лефкада. Се бара од брод на крајбрежната стража и два приватни чамци, како и приватни нуркачи, пишува порталот.
Оваа информација ја објавија и на Фејсбук страната „Грчка инфо“:
„Тажен залез на сонцето на Милос плажата…Во водата исчезна момче од околу 25 години, просто само исчезна, а брановите воопшто не беа големи. Како да го проголта морето, потрагата на плажата траеше цело попладне заедно со полицијата и нуркачка спасувачка служба, но на крајот на денот ништо. Аако некој има информации нека напише, п.с. струјата беше малку посилна отколку претходните денови“ – пишува на Фејсбук групата Грчка Инфо.
Ова е објавата на грчкиот портал.
Фото: Фејсбук