Баба Болт – Индијка на 105 години освојува златни медали во трчање – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/22 10:36 AM

Баба Болт – Индијка на 105 години освојува златни медали во трчање

Индијката Рамбаи од северната сојузна индиска држава Харајана има 105 години, а решила да биде тркачка дури лани – во 2021 година. Таа веќе има освоено голем број златни медали на помали натпревари и нема намера да се откаже наскоро.

– Учеството е поважно од освојувањето медал, објаснува Рамбаи игнорирајќи ги повиците на нејзиното семејство „да се потсмири“ на нејзините години.


Таа укажува дека тоа нема да се случи наскоро, бидејќи неодамна „го открила“ трчањето, а не знаела дека има категории и за подоцнежните возрасни групи. Како што јавуваат тамошните медиуми, во нејзината возрасна категорија понекогаш е и единствената натпреварувачка, но вели, тоа не ѝ пречи.

Таа неодамна учествувала на трка на 100 метри во сојузната држава Гуџарат и ја завршила за 45,40 секунди. Таа освоила и златен медал на 19 јуни во трката на 200 метри, којашто ја минала за 52,17 секунди.

МИА

Фото: Твитер