Библиотека помеѓу реланоста и фантазијата со 1,2 милион книги (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/18 9:23 AM

Библиотека помеѓу реланоста и фантазијата со 1,2 милион книги (ФОТО)

Футуристичката „Бинхаи“ библиотека во кинескиот град Тиањин, чии полици се направени спирално да се движат до плафонот ги освои сите љубители на книгите но и консументите на социјалните мрежи. Оваа библиотека позната е и по називот „око“, бидејќи доколку загледате подобро таа има облик на око.

Погледнете дел од фотографите да видите зошто спаѓа во категоријата необична библиотека.


Кога внимателно ќе ја разгледате библиотеката и нејзините книги, не изгледа се така идеално. Само неколку примероци на книги се поставени на полиците, останатите се фотографии кои прават да изгледа дека библиотеката е преполна со книги.


Според зборовите на директорот на библиотеката, постојат други простории во кои се наоѓаат традиционални полици со вистински книги, но властите не дозволуваат да се чуваат во главниот хол.


Исто така, фотографиите на кои се исцртани книги се привремени истите ќе бидат отстарнети. Главниот хол ќе биде само за поминување, седење, читање и дискусија. Библиотеката не е комплетно иста кога ќе ја видите со свои очи во живо и библиотеката од фотографиите, велат искуството на оние кои ја посетиле. Ниту пак Кинезите од социјалната мрежа „Веибо“ не се воодушевени многу од нејзиниот изглед, бидејќи и покрај прекрасниот дизајн тешко е да се каже кои книги се вистински а кои лажни.

Библиотеката има шест спратови, дизајнирана е од холандската архитектонска фирма „MVRDV“ и во неа сместени се 1,2 милион книги.

Првобитно замислено било таа да изгледа поинаку. И тоа вклучувало исполнетост на полиците во главниот хол до врвот, со простории помеѓу атриумот низ кои би се дошло до книга повеќе. Од таа идеја во текот на изградбата се повлекле.

Без оглед на сето ова што е наведено како факти за библиотеката, луѓето се уште ја посетуваат и се собираат во главниот хол како на првиот ден на отворањето.

За време на викендите библиотеката е најмногу посетена, управата на оваа институција се надева дека за време на викендите ќе има доволно книги за сите.