Многу жени кои одат на депилација знаат дека тоа не е ни малку безболно искуство, но дека дава одлични резултати.
Повеќето дами тешко се одлучуваат на поединечни третмани особено ако ги прават првпат, меѓутоа, една жена го споделила своето искуство со бразилската депилација. Повеќето дами депилацијата ја прават дома во сопствена режија, додека други почесто се одлучуваат за козметички салони и се препуштаат на вештите раце на стручните лица. Некои жени имаат изразени влакна на различни делови од телото, додека кај други се помалку воочливи, посебно ако се со посветол тен.
Како и да е, отстранувањето на непотребните влакна, на жените им ја зголемува самодовербата и се чувствуваат подобро. Покрај редовните третмани на рацете, нозете и пазувите, дамите прават третман и на бикини зоната. Иако тој е дел е почувствителен и бара посебно внимание, постојат разни начини на депилација на оваа регија, а некои од примарните се: брилење, бразилска депилација и ласерско отстранување на влакна.
Меѓутоа некои жени се скептични кога е во прашање бразилската депилација, за разлика од класичната, оваа допира до најнепристапните места и целосно ги отстранува сите влакна од бикини зоната, но многу дами за истиот мислат дека е многу болен.
Како да се подготвите за третман со бразилски восок?
Пред бразислката депилација одредено време не треба да го бричите делот кој сакате да го депилирате и пожелно е да оставите влакната да израснат. Девојка која првпат правела ваков третамн, вели дека ги оставила влакната да пораснат во текот на еден месец пред закажаниот термин.
Првото што го забележала и го споделила со сите е дека не треба да се изложувате на овој третман непосредно пред или после менструација, бидејќи тогаш толеранцијата на болка е помала, па подобро е да се почека да помине некое време. Ист случај е и со вежбањето. Зголемениот проток на крв кој е поголем додека вежбате може да ја зголеми болката за време на депилација. Најдобро е да се консултирате со лекар, но не е на одмет да се земе некој стандардизиран лек против болка, како ибупрофеин, за да ви се намали болката за време на третманот.
Исто така консумирањето на алкохол не е препорачливо доколку планирате бразилска депилација, бидејќи покрај тоа што алкохолот може да ве опушти, голема веројатност е дека ќе крварите.
Извор: srecna.republika.rs
Фото: Илустрација / Freepik