Јас сум против насилство. Цел живот се борам против насилство. Моето дете е жртва на насилство. Тука сум да кажам дека за македонскиот јазик не се преговара. Македонија е тврдина која мора да ја одбраниме. Како сакате да ни го смените идентитетот не ве разбирам? Како сакате да не денационализирате, да не асимилирате? Мора да покажеме дека сме единстевни, дека нема никој да не испровоцира. Не сме ничии заложници. Никој не го победил народот. Како на моите деца да кажам дека од утре повеќе нема да бидеме Македонци? Замислете тие ќе ни кажувале кој бил Никола Карев, ќе ни ги редактираат учебниците, рече Весна и продолжи:
-Ова е ненормална работа. Ова е лудило. Не знам зошто сите не излегуваат на улица. Треба цела Македонија да се дигне на нозе. Се обидувам да сум разумна, да не сум патетична, да ги разберам некако зошто би преговарале кога и вака и онака нема да влеземе во ЕУ во следните 15 години. Не сакам да преговарам за нешто што е само мое, не сакам да ме нарекуваат Северна Македонка. Макрон, јас сум Македонка! Ако не разбираш ќе ти преведеме рече Петрушевска.
Весна рече дека секој културен работник треба да чувствува одговорност да излезе на протест.
– Како ќе ја чуваме македонската култура? Со сменет идентитет? Со некој то јаде бифтеци за 100 денари. Ние сме виновни што сме на ова дереџе. Да, не сакаме насилство и не потклекуваме на провокации. За крај достоинство и чест се раѓате и секој ден на протест сѐ додека ја срушиме оваа влада. Македонија, рече актерката.
Петрупевска втор пат се овраќа на протестите, кои седми ден се одржуваат против францускиот предлог.