Одморот со деца може да ви се претвори во кошмар доколку правилно не се организирате и подготвите.
Сè што сте знаеле за летувањето кое го поврзувате со полнење батерии за цела следна година, можете да го заборавите во оној момент кога ќе добиете деца.
Плажите на кои сте сакале да уживате со гласна музика и ладен пијалок, често алкохолен, морате да ги замените сомногу помирен амбиент. Затоа ви откриваме на кои се промени треба да се навикнете и како одморот да го прилагодите на новнастанатите околности.
Одберете вистинска плажа
Плажите на кои се собираат младите парови и каде се застапени прегласна музика, алкохол и гужва, треба да ги заборавите на неколку години или барем додека децата не пораснат.
Вистински избор за вас се песочните плажи каде ќе има семејства со деца, а препорака е каменестите плажи да се избегнуваат по секоја цена. Најмалиот камен може да го изгребе или исече детето што е доволно да ви го уништи целиот ден. Од друга страна песокот ќе им даде на децата можност за забава правејќи кули од песок. Исто така ќе ви биде полесно затоа што детето нема да биде само и ќе учествува во игрите со други деца.
Близина на сместувањето
Идеално е вашиот апартман да биде блиску до брегот и препорака е всушност да одберете такво. сместување. Луксузно опремен стан кој е оддалечен од плажата не ви значи многу кога ќе се упатите на патешествие со децата. Земете предвид дека сега на плажа не одите само со крпа и крема за сончање, туку со себе носите и душек, гума, кофичка за фигури од песок и облека за целосно пресоблекување. Исто така веројатно е дека поради оброците ќе морате на неколку часа да одите до соба.
Доколку сместувањето ви е далеку иако имате автомобил, патот и барањето на паркинг нема да биде нешто што вашите деца ќе го земат предвид кога им се спие или се гладни.
Заштитен фактор
На децата им е неопходен заштитен фактор 50, меѓутоа земетe предвид дека близината ќе ги мами што побрзо да влезат во вода, па затоа нема да бидат трпеливи целосно да ги мачкате со крема. Затоа советот е уште во собата да ги заштитите пред да им облечете костим за капење, а така и кожата ќе го впие заштитниот фактор. Кога ќе стигнете на плажа децата се подготвени веднаш да влезат во вода без никакви ограничувања.
Изберете костим за капење во дречлива боја
Можеби делува будалесто, но впечатливите бои на купачите ќе ви помогнат во толпата од деца , полесно да ги препознаете своите. Колку од сегашен аспект и да изгледа необично, кога детето премногу ќе се приближи на брановите , ќе ви биде мило кога во мноштвото деца секогаш ќе знаете кое е вашето.
Тргнете порано на плажа
Колку и да сакате да се одмарате и да уживате во пиењето на првото кафе, искористете да одите на плажа веднаш штом децата ќе се разбудат. Така ќе можете да најдете место и лежалки кои најмногу ви одговараат, во непосредна близина на морето. Доколку сакате да бидете ни премногу блиску, ни премногу далеку од водата, туку таму каде што сакате, морате да станете пред другите. Колку и да ви делува дека плажата е преполна со лежалки, ако дојдете околу пладне, ризикувате да се бањате по најжешкото сонце и долг период да барате лежалка.
Ископајте дупка во песокот
Можеби делува дека вашето дете ќе се занимава со копање на дупки, но замислете колку пати тоа ќе оди за да ја наполни дупката со вода. Нема да имате ни една минута мир бидејќи сите треба да ги следите сите негови активности. Олеснете ја ситуацијата и ископајте сами дупка и наполнете ја со вода. Знајте дека 10 минути копање дупка ќе ви овозможи барем еден час опуштање со кафе или лешкарење, додека децата уживаат во играта.
Однапред подгответе ги торбите
Навечер пред утрешното одење на плажа, подгответе сендвичи кои ноќта ќе ја поминат во фрижидер. Грицките, сокчињата и сè што му треба на вашето дете спакувајте, а пијалоците оставете ги во фрижидер. Немојте да заборавите да изладите вода. Иако вие можете да поминете и со вода која е загреана, вашето дете тешко дека ќе биде толку толерантно. Најмалку што сакате е да одите по келнер или маркет пред да ја спуштите торбата на песокот.
Сите детски играчки и реквизити спакувајте ги во посебна торба која нема да ја распакувате по доаѓањето од плажа или нека ви стои секогаш во автомобилот доколку одите со него.
Не ги заборавајте капите
Капите и шеширите се задолжителни.
Децата често знаат да ги изгубат капите и затоа е пожелно на летување да поменете неколку, а во торбата треба секогаш да имате по една капа или шешир за резерва. Сончаницата е нешто кое по секоја цена треба да го избегнете на одморот . Затоа изберете капи и шеширчиња кои не паќаат лесно од главата на детето.
Подгответе си ситни пари
Враќањето од плажа покрај штандовите со сладолед и сувенири може да биде вистински пекол доколку вашето дете сака крофна или сладолед, а вие немате ситни пари или новчаникот ви останал во друга торба. Секогаш имајте ситни пари со кои на детето ќе му ги остварите ситните желби како купување сладолед или балони од сапуница.
Наоружете се со трпение и само напред.
Извор: srbijadanas.com
Фото: Илустрација / Freepik