(видео) Странски структури се инфилтрирани во протестите – Пендаровски и Маричиќ со исти тврдења – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/22 11:21 AM

(видео) Странски структури се инфилтрирани во протестите – Пендаровски и Маричиќ со исти тврдења

Претседателот Стево Пендаровски, во телевизиско гостување рече дека Руската Федерација ги злоупотребува протестите и информираше дека има странци кои се дојдени да предизвикуваат инциденти на протестите.

– Трети страни, прецизно Руската Федерација го злоупотребува тоа што граѓаните легитимно протестираат против францускиот предлог. Имаме неколку луѓе кои се дојдени од соседните држави и предизвикуваат инциденти на протестите, истакна претседателот.

Ова во емисијата Стадион на Канал 77, која е во тек, го потврди и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. За ова, потврди, се разговарало и на седницата за Советот за безбедност во неделата.

-Не можам многу да кажам, знаете дека седницата е од специфичен карактер, но се зборуваше и за тие работи околу реални замешателства од трети страни. Ние сме имале турбулентни времиња, но сме се стремиле да го зачуваме граѓанскиот мир. Ја гледаме голема слика – имавме обиди со Преспанскиот договор кога влегувавме во НАТО имавме слични настани – протести, но тие беа без насилната димензија на овој начин како денешните, рече Маричиќ.

Тој смета дека контекст е многу поразличен со војна на 800 километри од нас, со тензии во многу европски држави. Има надворешни структури кои влијаат, но и внатрешни.

-Тоа се структури кои не мисла добро на регионот и на Северна Македонија и влијаат нашата држава да биде што бесперспективна и поизолирана. Затоа е битно да се држиме на нашата линија од 1992 година, за ЕУ, изјави Маричиќ во Стадион.