Дури 52 литри дожд наврна во Куманово – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/22 10:13 AM

Дури 52 литри дожд наврна во Куманово

Најмногу  врнежи од дожд до осум часот утрово наврнале во Куманово, каде се измерени 52 литри на метар квадратен, на Попова Шапка 47 и 42 литри во Тетово.

Според  Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатите 24 часа во Пожаране наврнале 40 литри, Скопје-Петровец 34, Прилеп 33, Крушево и Скопје – Зајчев Рид 32, Маврово 26 , Виница 24, Охрид 22, Претор 18, Штип 17, Лазарополе и Ѓуриште 16, Тополчани 15, Демир Капија 11, Крива Паланка 10, Битола 8, Струмица и Гевгелија шест, Берово пет и во Дојран четири литри на метар квадратен.

УХМР за денеска најавува претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и со услови за ретка појава на град. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Во Скопје, претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, повремено обилни и поројни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.