Шенон Колинс (43) е медицинска сестра, едукатор за исхрана и личен тренер, но и жена на чие затегнато тело секој би можел да позавиди.
Таа на својот инстаграм профил често објавува содржини кои се однесуваат на фитнесот и позитивниот став кон телото, а сега откри како успеала да направи стомачни во четириесеттите години. Објавувајќи фотографии кои покажуваат дека годините навистина се само број, Шенон истакнува не држи никакви ригорозни диети, ниту пак се грижи за величината на облеката.
„Не држам диети често ни долго. Поголем дел о времето во текот на годината само ја одржувам килажата или имам мал вишок Кревам текови, со недели ја повторувам истата програма – со намера да напредувам во килограмите, формата и темпото. Разбирам дека одморот и опоравувањето се важни колку и тренингот. Важно е навистина да си одморен, барем да одмарате два дена неделно“, вели Шенон.
„Спиењето ми е приоритет, си купив прстен кој го следи моето спиење. Разбирам дека бројот на килограми може да се зголеми – не може мускулите да растат, а тежината да остане иста. Си купив шорцеви и фармерки. Наместо да се обидувам да влезам во помала облека, купив гардероба која ми одговара. Го правам она што е најдобро за мене и моите цели. Не наседнувам на разните предизвици за слабеење“, додава таа.
Шенон исто така, смета е многу важно да се има трпение и да се задржи позитивниот поглед на својот напредок. Освен тоа, истакнува дека луѓето треба да го ценат тоа што е потребно време за да се остави она што го посакуваат.
„Тоа е патување, морав да тргнам на него за да променам некои од своите мислења. Единствено можам да ви кажам со сигурност дека ако сте заглавени и ако ништо не се случува или не сте задоволни со својот напредок, нешто не чини. Или е во прашање храната или тренингот, вашите животни навики надвор од тренингот, па и комбинацијата на сите тие нешта. Ова патување е тешко, но се исплаќа со доследност, време и трпение. Се надевам дека ова ќе ви помогне“, порачува таа на крајот.
На луѓето очигледно им се допаѓаат нејзините совети, за што зборуваат и бројните коментари.
„Ти си инспирација за многумина, вклучувајќи ме и мене“, „секогаш ја зборуваш вистината и даваш најдобри совети“, „никогаш не сум се чувствувала подобро во своето тело отколку сега во 44-та година од животот“, гласат некои од пораките од нејзините следбеници.
Извор: mondo.rs