Ќерка на пратеник и бивш градоначалник е уапсената инфлуенсерка на Миконос – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/22 3:01 PM

Ќерка на пратеник и бивш градоначалник е уапсената инфлуенсерка на Миконос

Инфлуенсерката од Македонија, која е уапсена на Миконос за шверц на дрога има 21 година и е ќерка на поранешен пратеник и градоначалник

Порталот protothema.gr утрово информираше дека покрај неа уапсени се и двајца мажи на возраст од 34 и 35 години, а дополнително бил и уапесен познат либиски диџеј, кој, како што пишуваат потекнувал од угледно и бгато семејство, живеел долги години во Атина, а летото секогаш го поминувал на Миконос. Диџејот бил уапсен во обид да се снабди со дрога од шверцерите од Македонија.
Грчкиот портал информира и дека грчката полиција го разбила јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале со дрога на овој познат монденски остров.
Едниот од тројцата бил главен а девојката и другиот дечко  биле шверцери, ги наогале „муштериите“

Шверцерите се теретат за запленети 437 таблети екстази, 219,8 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин и 155,7 грама канабис.

Инфлуенсерката на Инстаграм ја следат 164.000 следбеници, но познавачите на социјалните мрежи велат дека голема е веројатноста таа бројка да е вештачка, бидејки на толку голем број следбеници под фотографиите има едвај да има 20тина лајкови.