Преголемата доза витамини може да биде опасна по здравјето: Маж завршил во болница, изгубил над 12 кг – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/22 6:00 PM

Преголемата доза витамини може да биде опасна по здравјето: Маж завршил во болница, изгубил над 12 кг

Витаминот кој стана особено „популарен“ од почетокот на пандемијата може да биде опасен ако се конзумира во големи дози. Иако во изминатите две ипол години од бројни здравствени експерти добивавме совети дека за зајакнување на имунитетот треба да го зголемиме внесот на витамин Д, сега пристигнува опомена дека преголемиот внес може да биде ризичен по здравјето. Прекумерниот внес на овој витамин може да доведе до широк спектар на потенцијално сериозни здравствени проблеми – пренесува Scitechdaily.

Лекарите предупредуваат дека „предозирањето“ со суплементи со витамин Д е можно и штетно, а до ваквиот заклучок дошле бидејќи лечеле пациент на кој му бил потребен болнички третман поради прекумерен внес на витаминот Д.

Конкретниот случај се однесува на средовечен маж кој од страна на неговиот матичен лекар бил упатен во болница бидејќи се жалел на постојано повраќање, мачнина, грчеви, болка во стомакот и дијареа. Пациентот всушност изгубил 12, 7 килограми.

Симптомите биле присутни три месеци, а појачнале да се појавуваат постепено откако пациентот почнал со интензивен режим на витамински суплементи по совет од нутриционист. Тој имал бројни здравствени проблеми, вклучувајќи туберколоза, тумор на внатрешното убво, како и бактериски менингитис.

Пациентот користел високи дози од 20 суплементи без рецепт секојдневно. Овие дози вклучувале 50.000 милиграми витамин Д (препорачаната дневна доза е 600 милиграми), 100 милиграми витамин К2 (препорачаната дневна доза е од 100 до 300 микрограми“, витамин Ц и витамин Б9 во доза од 1000 милиграми (препорачаната дневна доза е 400 микрограми), витамин Б2, витамин Б6 и омега-3 во доза од 2000 мг два пати дневно (дневните потреби изнесуваат од 200 до 500 милиграми), плус неколку други витамини, минерали и пробиотски додатоци.

Кога се појавиле симптомите, пациентот престанал да ги користи суплементите, но залуднo. Анализата на крвта покажала дека има исклучително високо ниво на калциум, благо покачено ниво на магнезиум, а нивото на витамин Д било дури седум пати повисоко од горната граница.

Тестовите откриле дека и неговите бубрези не функционираат како што треба, додека резултатите од снимките биле нормални. Пациентот останал во болница осум дена и во тие денови добивал инфузии, но бил и лечен со медикаменти кои се користат за зајакнување на коските или за намалување на прекумерното ниво на калциум во крвта.

Два месеца откако бил отуптен од болница, нивото на калциум се вратило во нормала, но нивото на витамин Д и понатаму било енормно високо.

Генерално, постои тренд на се почесто хипервитаминози со витамин Д. Тоа е клиничка состојба која се карактеризира со покачено ниво на витамин Д – наведуваат експертите.

Препорачаните вредности на витаминот Д може да се добијат преку исхраната, со сончање и земање суплементи.

„Со оглед на тоа дека токсичноста се развива бавно, речиси два месеца, симптомите може да траат и со недели“, велат познавачите.

Симптоми за прекумерен внес на витамин Д

Симптомите на хипервитаминоза вклучуваат конфузност, поспаност, апатија, психоза, анорекција, депресија, повраќање, болка во стомакот, констипација, панкреатитис, абнормален срцев ритам, висок крсвен притисок и проблеми со бубрезите.

Иако хипервитаминозата е во пораст, таа засега е релативно ретка. Сепак, комплементарната терапија, вклучувајќи ја и употребата на диететски суплементи е популарна, и луѓето можеби не сфаќаат дека е можно да се предозираат со витамин Д, а не ги сфаќаат ниту потенцијалните последици од тоа.

 

Извор:  telegraf.rs