Играј со шампионите: Видеолотарија Касинос Австрија со игралишта го поттикнува спортскиот дух кај децата – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/22 9:48 AM

Играј со шампионите: Видеолотарија Касинос Австрија со игралишта го поттикнува спортскиот дух кај децата

*Комерцијална објава

 

Под слоганот ИГРАЈ СО ШАМПИОНИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија отпочна со  реализација на амбициозниот проект за изградба на повеќенаменски  и спортски игралишта низ целата земја. Со донација од 3,284,019 денари, во Свети Николе ставено е во функција првото мултифункционално детско игралиште, кое го носи името на нашиот бренд амбасадор- Кирил Лазаров.

Видеолотарија Касинос Австрија со амбициозен план во периодот кој следи, сака да придонесе децата, нашата иднина, да добијат вистински можности за правилен раст и развој. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики. Јасно ни е дека децата мора да имаат простор каде може да уживаат во безгрижно детство, па затоа и одлучивме да го подготвиме овој амбициозен проект низ кој ќе обезбедиме децата да добијат повеќенаменски и спортски игралишта на неколку локации во земјата.

Под слоганот ИГРАЈ СО ШАМПИОНИТЕ, со донација од 3,284,019 денари денари,  во Свети Николе е ставено во функција, првото мултифункционално детско игралиште кое го носи името на нашиот бренд амбасадор Кирил Лазаров.  Се работи за модерно игралиште, на кое ќе може да се игра ракомет, кошарка, фудбал. Новиот и модерен изглед на ова игралиште, веруваме дека ќе придонесе за градење на спортски навики кај сите деца.

Спортските игралишта ќе бидат изградени по светски стандарди за играње мал фудбал, ракомет и кошарка. Игралишта се дел од компаниската стратегија за повеќегодишно вложување во спортот, а со цел постигнување на врвни спортски достигнувања и мотивирање на младите активно да се посветат на спортот. Со реализација на оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја  е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра. Во Битола веќе се работи на следно игралиште.

Израснав во училиштето  до ова игралиште, тука научив да играм ракомет, па сум особено горд што денес заедно со Видеолотарија Касинос Австрија го ставаме во функција ова игралиште, овозможувајќи многу деца во иднина да го следат мојот пат, изјави спортскиот крал и бренд амбасадорот на Видеолотарија, Кире Лазаров.

До крајот на годинава, планирано е да се завршат уште неколку игралишта кои се во фаза на градба. Станува збор за мултифункционални и спортски игралишта.

 

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно # ИГРАЈ СО ШАМПИОНИТЕ