(Видео) Со два истрели во грб, тешко ранет бишиот јапонски премер – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/22 9:10 AM

(Видео) Со два истрели во грб, тешко ранет бишиот јапонски премер

Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе е застрелан додека држел говор за време на предизборна кампања во градот Нар.

Врз Абе се истрелани два куршума, а вториот куршум го погодил во грб. Тој бил префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот.


Напаѓачот е идентификуван и уапсен.

Напаѓачот е 41-годишниот Тацуја Јамагами од Нара, кој е уапсен по инцидентот. Според неофицијални информации, атентатот е извршен со рачно изработен пиштол.
Фуџи ТВ објави дека Јамагами бил поранешен припадник на јапонската морнарица.

Абе беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми.

Премиерот на Јапонија Фумио Кишида го осуди нападот врз поранешниот претседател на владата Шинѕо Абе.
Кишида наведе дека Абе е во „сериозна состојба“ откако денеска беше застрелан на предизборен митинг во градот Нара
– Мотивот за нападот сè уште не е познат, рече Кишида.