Тешко повреден работник при пад од кров – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/18 8:07 AM

Тешко повреден работник при пад од кров

При реконстукција на кров во хала од фирма лоцирана на улица „Александар Македонски“ во Прилеп, лицето А.Д (38) од село Бродец, струшко паднало при што се здобило со тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош во Градска болница во Прилеп е префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.

Извршен е увид на местото на настанот во присуство на инспектор за заштита при работа од Министерство за труд и социјална политика.