Кадровски решенија поставувај си во Гостивар, соработката ни е завршена уште вчера, му врати Арсовска на Таравари – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/22 2:28 PM

Кадровски решенија поставувај си во Гостивар, соработката ни е завршена уште вчера, му врати Арсовска на Таравари

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска му врати на Таравари.

“Не ја разбирам вообразеноста и коментарите на господин Таравари, со оглед на тоа што соработката ни е завршена уште вчера. Кадровски решенија може тој лично да си поставува во Гостивар, а не во Скопје. Со личност која напаѓа, која нема етички компас, оправдува во било која форма насилство и напад со огнено оружје како во вчерашниот инцидент и подгрева меѓуетнички тензии, нема основ да се соработува. Скопје е град на соживот, солидарност, во кој нашите сограѓани треба мирно и безбедно да живеат и да се почитуваат”, рече Арсовска.