Именуван нов в.д. претседател на Апелациониот суд во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/22 2:21 PM

Именуван нов в.д. претседател на Апелациониот суд во Штип

Судскиот совет на денешната седница го именува судијата Кирчо Донев за в.д. претседател на Апелациониот суд во Штип. Досегашната претседателка Корнелија Давчева замина во пензија, откако не помина законското решение со кое се продолжува мандатот на судиите, кои ги исполниле условите за пензионирање.

И сега именуваниот Кирчо Донев има една година до редовна пензија. Во неговата биографија пишува дека е судија 24 години, додека во Апелацискиот суд од Основниот суд во Штип дошол пред 12 години. Работи предмети од граѓанска област.

Со заминувањето на Давчева во пензија и претходно разрешувањето на двајца судии за нестручно работење, Апелацискиот суд останува со девет судии.  Во текот на летото се очекува намалување на бројот на судии и во Основниот суд во Штип, каде три судии заминуваат во пензија и од 13, ќе судат 11 судии. Нови од Академијата за судии и обвинители ќе можат да ги надополнат празните места најрано кон крајот на следната година.