Во три дена втор дефект на истото место во населбата Баби во Штип пред филтер станицата се оформи езерце од веројатно пукната главна цевка. Од ноќеска на полноќ без вода се населбите Баби, 8-ми Ноември, Исар, Ново Село, Пребег, Железничка, Три Чешми како и дел од улицата Борис Кидрич. За кратко без вода ќе останати и сите повисоки делови од градот. Според оптимистичките прогнози, најрано попладне ќе се воспостави редовното водоснабдување, додека повисоките делови, вода ќе добијат во текот на ноќта.
На местото на дефектот, механизацијата на ЈП „Исар“ копа голема дупка со цел да дојде до главната цевка. Претходно цели седум часа се испумпувала водата. Како што објасни градоначалникот Иван Јорданов, додека не се дојде до цевката, не може да се знае дали се работи за избивање на спојницата или цевката е пукната на друго место.
Во меѓувреме, граѓаните ќе може да се снабдат со вода преку поставените цистерни, а по домовите почнува делењето на листа вода за пиење. Како што е најавено, распоредот на поставените цистерни, ќе биде објавена на ФБ страната на ЈП „Исар“.