Душко ќе плаќа алиментација од 10.000 евра – Детали од разводот на Карлеуша и фудбалерот – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/22 7:00 PM

Душко ќе плаќа алиментација од 10.000 евра – Детали од разводот на Карлеуша и фудбалерот

Пејачката Јелена Карлеуша по 14 години брак со екс-фудбалерот Душко Тошиќ одлучи да признае дека се разведува. Двајцата зад себе имаат две ќерки Атина и Ника, а пејачката во својата објава на социјалната мрежа Инстаграм тврдеше дека двајцата донеле одлука спогодбено, бидејќи Тошиќ, како што стои во соопштението, повеќе не се чувствува како член на семејството.

Во следниот текст се наведува дека старателството на Атина и Ника паднало на неа, а кога станува збор за поделбата на имотот, пејачката тврди дека се им било напишано на нивните две наследнички.
Нивниот брачен имот се состои од две вили. Едната се наоѓа на Дедиње,  пред неколку години Карлеуша и Тошиќ ја купиле од Драган Стојковиќ Пикси, а како што пишуваат медиумите платиле три милиони евра, додека другата куќа се наоѓа во Лисичјев Поток.

Според шпекулациите, Карлеуша решила да се исели од куќата во која живеела со Душко изминатите години, а новиот живот ќе го започне во малку помала вила на Дедиње со ќерките. Пејачката наводно планира да изнајми куќа во Лисичје Поток, а за сето тоа Душко и Јелена се договориле на смирен тон и се е консензуално, открива изворот, а пренесува Курир.
Бидејќи нивните ќерки моментално се малолетни, Јелена ќе располага со имотот додека не пораснат. Бидејќи Карлеуша ќе го има старателството над децата, Душко ќе плаќа алиментација. Наводно, месечната алиментација ќе изнесува вкупно 5.000 евра, а дополнително ќе го финансира нивното дообразување.

Бидејќи Душко е приврзан за ќерките, ќе може да ги гледа секогаш кога ќе може, бидејќи поголемиот дел од времето го поминува во Турција поради деловни обврски.