Средба во бутик ѝ го промени животот – Неверојатна животна приказна на актерката Јелена Јовичиќ – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/22 7:00 PM

Средба во бутик ѝ го промени животот – Неверојатна животна приказна на актерката Јелена Јовичиќ

Една средба во бутикот во кој работела ѝ го променила животот на српската актерка, Јелена Јовичиќ.

Таа денес е актерка која игра во низ театарски претстави, сепак нејзиниот кариерен пат бил несекојдневен. Имено, Јелена во младоста работела во бутик и воопшто не помислувала на актерските води, но една средба ѝ го променила животот.

„Еден ден дојдов во бутикот во кој работев, видов огромен метеж и слушнав дека Кустурица снима филм. Додека стоев надвор и пушев цигара, ми пријде неговиот асистент и ми понуди улога на статист. Прво одбив, но тој после половина час се врати и ми понуди епизодна улога“, раскажала Јелена.

Актерката открила дека покрај Кустурица постојат уште две познати актерски имиња кои се „виновни“ за нејзиниот професионален избор.

„Ме нашминкаа, ме ставија во некоја приколка и рекоа Акција! Така се случи со Кустурица да поминам цели шест месеци снимајќи го филмот „Црна мачка, бел мачор“ и благодарение на овој генијален режисер магистрирав глума уште пред да се запишам на академијата, , на што ме наговорија Сергеј Трифуновиќ и Иван Бекјарев“, вели Јовичиќ, пренесува Телеграф.

Таа додала дека за време на средношколските денови работела дополнителни работи кои не биле поврзани со актерството.

„Кога бев средношколка, поради досада, а и со желба да заработам некој пристоен џепарлак, работев како келнерка во едно кафуле. На таквиот потег се одлучив своеволно, иако немаше реална потреба да работам, освен што сакав да развијам чувство на одговорност“, објаснила актерката и додала дека немала поддршка од својот татко за оваа работа, па се вработила во бутик во својот роден град Панчево.

Освен што се занимавала со ова, Јелена била член на бенд каде се занимавала со рок, поп и џез музика.

 

Извор: nova.rs