Холивудскиот шармер Бред Пит (58) даде големо интервју за магазинот “GQ” каде зборувал за алкохолизмот, емоциите, закопаното богатство во Франција, но и за невролошко пореметување поради кое не може да се сети на луѓето кои неодамна ги запознал.
Бред Пит во едно интервју откри дека се плаши дека луѓето го сметаат за арогантен и недостапен, а сето тоа е затоа што има проблеми да ги препознае луѓето и да ги запомни лицата.
Ова е причината зошто тој се бори кога треба да се сети на луѓето што ги запознал во минатото или пред неколку моменти. И, се разбира, тој е ужасно засрамен поради тоа.
Success is a beast. And it actually puts the emphasis on the wrong thing. You get away with more instead of looking within. #bradpitt pic.twitter.com/gF2WDEavyd
— Brad Pitt 🗯 (@Bradleyy_Pitt) June 28, 2022
Се чини дека актерот страда од ретко невролошко нарушување наречено просопагнозија (или слепило на лицето).
Сепак, на Бред никогаш официјално не му било дијагностицирано ова пореметување, но симптомите укажуваат дека актерот можеби го има.
Според податоците од медицинската литература, секој 50-ти човек боледува од слепило на лицето, со тоа што болеста може да биде помалку или повеќе изразена – некои не можат да се сетат на лицата дури и на најблиските луѓе, а некои имаат проблем да ги разликуваат лицата во толпата. а некои заболени не можат да се препознаат ни во огледало.
Brad Pitt For Now. Brad Pitt Forever. pic.twitter.com/VGvlDbuHrj
— Cinema Tweets (@CinemaTweets1) June 29, 2022
Болеста може да биде вродена, но може да биде и резултат на оштетување на мозокот во делот кој ја координира контролата на перцепцијата на лицето и меморијата поради мозочни удари, повреди на мозокот и некои невродегенеративни болести.
Актерот не кажа колку долго го има овој проблем, ниту дали прави нешто за да си помогне.
Just some Brad Pitt photo pic.twitter.com/EAdhbf93Y8
— Rindalalala 🍓🔪👠 (@chefRinz) July 6, 2022
Да потсетиме, Бред во истото интервју откри дека бил измамен од луѓето кои му го продале замокот во Франција, бидејќи му рекле дека вреди повеќе поради богатството закопано таму.
ИЗвор: Информер.рс