Фудбалерите заработуваат толку лудо, што овие пари и да не им требаат, вели капитенот на данската женска фусбалска репрезентација – ММС
ММС

Објавено на: 07/6/22 1:54 PM

Фудбалерите заработуваат толку лудо, што овие пари и да не им требаат, вели капитенот на данската женска фусбалска репрезентација

Капитенот на данската женска фудбалска репрезентација, Пернил Хардер проговори за нееднаквите плати во машкиот и женскиот фудбал.

– Можете да зборувате за еднаква плата и такви работи, но сега разликата е преголема, особено кога станува збор за клупскиот фудбал. Во машкиот фудбал заработуваат толку лудо што практично не им требаат овие пари. И ова не е само во споредба со женскиот фудбал, туку во споредба со професиите низ целиот свет. Сакам играчите да добијат доволно за да живеат, за по завршувањето на кариерата да не се грижат дека треба веднаш да бараат нова работа. Сакам платите во женскиот фудбал да бидат доволно добри за да се штеди за пензија. Би сакала да видам вакви плати во женскиот фудбал, изјави Хардер.

Неодамна, за разликите во платите и премиите реагираа репрезентативките на Франција на кои за освојување на Европското првенство би добиле премија дваесетина пати помала од фудбалерите.

Во светот, еднакви премии и плати со машките репрезентативци, добиваат американските фудбалерки и репрезентативките на Холандија.

Извор и фото: МИА