Му го прости неверство, му роди четири деца, но не ја гледаме насмеана: Викторија и Дејвид Бекам прославија 23 години брак – ММС
ММС

Објавено на: 07/6/22 8:00 PM

Му го прости неверство, му роди четири деца, но не ја гледаме насмеана: Викторија и Дејвид Бекам прославија 23 години брак

Викторија и Дејвид Бекам одбележаа 23 години брак. Модната дизајнерка по тој повод на Инстаграм посвети емотивна објава наменета за нејзиниот сопруг.

„Велат дека не е забавен, велат дека никогаш не се смеам, рекоа дека нема да траеме. Денес славиме 23 години брак. Дејвид, ти си моето се, многу те сакам“, напиша Викторија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


Дејвид и Викторија Бекам се запознаа во 1996-та година, а една година подоцна започнаа љубовна врска. Се венчаа во 1999-та, а имаат четири деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Тие се едни од најпознатите парови во светот. Сепак, нивната слика на совршено британско семејство беше нарушена во 2004-та година, по само пет години брак. Имено, тогаш се дозна дека Бекам има љубовница, фаталната Ребека Лус, која по откривањето на аферата, со години ги красеше насловните страници.