Како се случи да загинат работниците во Кавадарци испитува ЈО – ММС
ММС

Објавено на: 07/5/22 1:51 PM

Како се случи да загинат работниците во Кавадарци испитува ЈО

Се испитуваат причините за несреќата во Кавадарци во која загинаа двајца градежници, информираа попладнево од Јавното обвинителство.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на локацијата каде утринава, при извршување градежни работи, се откачи дигалка – кран, при што двајца работници од Скопје го загубија животот. Едниот од загинатите работници бил на возраст од 30, а другиот од 50 години. Во несреќата не се повредени други лица. Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на телата на починатите. Локацијата се обезбедува, а надзор на лице место ќе извршат и надлежни инспекциски служби, соопштија од Обвинителството.

Оттаму посочија дека со цел утврдување на причините за несреќата, ќе биде издадена наредба за вештачење, а во меѓувреме надлежното обвинителство прибира вербални и материјални докази за испитување на сите околности.​