-Добар ден свет македонски народе. Еден поклон до земја за вашата поддршка!
Вака ги поздрави Ламбе Алабакоски демонстрантите вечерва пред Влада.
Откако ја испеа химната и „Земјо моја“ тој рече:
-Што пишува тука? Преспански договор, бугарски договор, француски предлог! Уууу. Тоа е еднакво на фашизам. Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза дами и господа е предавничка. Затоа ова парче хартија треба денес да гори, рече Ламбе вечерва пред Влада и симболично ги запали францускиот и преспанскиот договор.
Ламбе во јавноста се појавува еден месец по инцидентот со бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“, на кој му ја потпали вратата.
Ламбе настапи со маичка на која пишуваше – не и покриен со знамето до вергина.
Фото: Вангел Тануровски