Пчеларите да бидат внимателни, в среда во Скопје ќе се прска против комарци – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/22 1:56 PM

Пчеларите да бидат внимателни, в среда во Скопје ќе се прска против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 06.07.2022 година (среда) ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци. Прскањето ќе се врши според следниот распоред:
Авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира во раните утрински часови, додека терестричната дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира во текот на денот.
Доколку временските услови не дозволуваат да се прска дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.