Депресијата е едно од најчестите ментални пореметувања и погодува околу 10% од возрасната популација.
Депресијата ја намалува самопочитта и го намалува интересот за живот. Депресијата може да се лекува, а тоа најдобро се постигнува преку фармакотерапија, социјална терапија и психотерапија.
Главни фактори кои ја следат депресијата
-Емоционално и сексуално злоставување, нефунционално семејство или смрт на блиска личност, генетска предиспозиција
-Долгоочекувани позитивни случувања, како брак, наследство, можат да доведат до депресија
-Повеќе од 35% од луѓето кои страдат од депресија имаат штетни навики: пушење, пиење алкохол, коцкање
-Жените имаат 40% поголем ризик да бидат во депресија. Сексуалната зависност е поврзана со естрогените, кои во женското тело пожат да предизвикаат психолошки проблеми
-Недостатокот на тестостерон во телото исто така влијае на развој на депресија. Во тој поглед, мажите со над педесетгодишна возраст многу често доживуваат психијатриски пореметувања токму поради намалената количина на тестостерон во крвта поради старост.
-Резултаите од неодамна извршени експерименти покажале дека кај луѓето кои страдат од депресија, нивото на густината на коските се намалува, што може да довде до остеопороза.
-Луѓето кои имаат депресија поради смрт на сакана личност имаат можност да го продолжат животот со хронични ментални пореметувања
Порано непознати факти за депресијата
Депресијата е најчеста во змејите со високо развиена економија
Луѓето со ментални пореметувања почесто добиваат грип или настинка од здравите луѓе
Луѓето со депресија веројатно почесто ќе бидат хоспитализирани поради срцеви напади и болести поврзани со пореметување на крвната циркулација
Првата психијатриска болница отворена е во втората половина на 18 век, во САД, во Вирџинија.
Неврологот Зигмунд Фројд забележал дека депресијата е лутење кое е насочено само на себе
Во детството, депресијата може да се појави поради недостаток на внимание и наклонетост
Повеќе од 60% на ментално нездрави луѓе одбиваат лечење и не се препознаваат себе си како болни
Постојат случаи кога депресијата придонела за развој на малигни тумори
Повеќе од 6.000.000 жители на САД годишно се хоспитализираат со знаци на депресија
Депресијата може да интензивира напади на астма кај деца помлади од 10 години.
Во тек на бременоста, депресивното пореметување може да предизвика предвремено породување, како и компликации кај бебето
Социолошките истражувања покажуваат дека во семејствата во кое родителите страдаат од депресија, децата стануваат многу немирни
Депресијата може да предизвика влошување на ревматски артритис
Неодамнешните истражувања на америкаснките научници покажале дека 45% од постарите лица со ревматски арттритис патат од депресија и неконтролирани напади на анксиозност. Лекарите забележале дека хронилните болести и болестите поврзани со возраста, често создаваат немирни состојби, анксиозност. Студијата спроведена на Универзитетот во Пенсилванија се состоела од следење на луѓе постари од 50 години кои имале ревматски артритис. Анкетите покажале дека пациенти совтор и трет степен на депресија добивале 2,5 пати почесто напади кои ја влошуваат болеста, отколку кај ментално здравите луѓе.