Не си ги контролираат чувствата – беснеат, викаат и пцујат: Како да ги препознаете луѓето кои се празни одвнатре? – ММС
ММС

Објавено на: 07/6/22 11:23 AM

Не си ги контролираат чувствата – беснеат, викаат и пцујат: Како да ги препознаете луѓето кои се празни одвнатре?

Многумина веруваат дека чувствителните личности најчесто се препознаваат во текот на расправија. Токму тогаш личноста покажува колку е ранета и повредена низ бес, викање, па дури и со пцовки, но тоа не е точно.

На тој начин личноста покажува колку е празна. Кога едно лице се обидува да ги увери другите во своите чувства и причината за својот бес, таа всушност сака да манипулира со нив. Луѓето се обидуваат  да претстават некои свои чувства кои дотогаш никогаш не ги почувствувале, но нивните емоции се вештачки, неприродни и смешни.

Како ден е јасно дека на таквите личности не можете да им  верувате. Исто така , многу луѓе се обидуваат да ги сокријат своите вистински чувства и се претвараат дека некои работи не ги допираат, но и тоа однесување е неприродно и лесно се препознава. Постојат луѓе кои едноставно не можат да ги контролират своите чувства, но истите тие многу брзо се губат.

Тие лесно се воодушевуваат на некои работи или се разочаруваат, но нивните чувства брзо се губат бидејќи силните чувства на таквите луѓе се многу ретки и траат само еден ден. Вообичаено таквото однесување е знак или на лошо воспитување или знак на психичка нестабилност.

Вистинската тага е невозможно да се одглуми бидејќи таа се крие длабоко во нас. Многу ретко тагата се изразува со вцрескање и трескање, а ако е тоа случај тоа е јасен знак на обид за манипулација. Само во случаи на силен стрес и бес луѓето викаат и „трескаат“ околу себе, но никогаш кога се тажни.

Тишината не е знак дека лучноста е бесчувствителна или рамнодушна. Човекот е во состојба да доживее многу силни чувства без да испушти еден единствен глас. Всушност личностите кои се расфрлаат со своите чувства често и не се сеќаваат на нив. На пример, ако личноста е малку лута, ќе биде гласна, но ако е многу бесна само ќе ги стисне дланките и ноздрите ќе и бидат проширени.

Вилијам Шекспир во само една реченица на генијален начин објаснил како да се свати дека личноста е празна однвнатре. Тој рекол: „Молчењето воопшто не е знак за бездушност. Грми само она што одвнатре е празно“.

 

Извор: topsajt.com