Уште една жена настрада во напад на ајкула во Црвеното Море јужно од Хургада, соопшти египетското Министерство за животна средина.
Телото на 40-годишна романска државјанка е пронајдено неколку часа по смртта на 68-годишна Австријка на која ајкула и ги скинала раката и ногата.
Египетското Министерство за животна средина во соопштение наведе дека е формиран комитет кој ќе ги испита околностите на нападот и веројатно научните причини зад него.
Властите во меѓувреме затворија дел од брегот на Црвеното Море.
Првата жртва по нападот била пренесена во локална приватна болница, но и покрај напорите на медицинскиот персонал, таа им подлегнала на повредите. Станува збор за Австријка која во последните пет години живеела во Египет со својот сопруг Египќанец.
Извор: пинк, рс