Болните од миелоична леукемија бараат лековите да бидат ставени на позитивна листа – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/18 1:48 PM

Болните од миелоична леукемија бараат лековите да бидат ставени на позитивна листа

Здружението за помош на заболени од хронична миелоична леукемија бараат нивните неопходни лекови да бидат ставени на позитивната листа. Сите пет лекови се обезбедени оваа година но бараат системски да биде решен проблемот за лековите кои значат живот.

132 пациенти болни од хронична миелоична леукемија се лечат на Клиниката во Скопје, малигно заболување кај кое е постигнат огромен напедок во лекувањето во последните 20 години. Искуството на Бојана Караџова Данилова како ќерка на починат пациент од оваа болест, вели дека нејзиниот татко го изгубил живот поради недостаток на терапија…

„Односно Клинката го лечеше со застарена терапија, бидејќи престана да делува на прволиниската терапија, па го лечеа со застарена терапија бидејќи на Клиника немаше второлиниска трапија што во моментов пред шест месеци пациентите ја добија с помош на Агенцијата за лекови“, раскажува Бојана Караџова Даналиова.

Но проблемот продолжува, бидејќи лекот кој е неопходен за овие пациенти набавен е за една година.

„Сите што почнале да примаат второлиниска терапија не може да се вратат на старата терапија и ако ја немаат соодветната терапија, за жал ќе го изгубат животот како што мојот родител го изгуби“, вели Караџова Данаилова.

Претседателот на здружението за помош на забалоени од хронична миелоична леукемија, Пепо Леви вели дека сепак сега е подобра ситуацијата, имаат пет лекови на располагање од кои еден е на позитивна листа, а уште еден го добиваат преку агенцијата за лекови…

„И од таа златна треска на лекови ги имаме уште понатинибот и спрајселот, односно дасатинибот кој се дава во одредени случаи и останува само уште босотинибот, тоа се пет светски признати лекови во доменот на таа златна грозница и ние имаме четири од нив, а два нив се добиени од донација“, изјави Пепо Леви, претседател на здружението за помош на заболени од ХМЛ.

Годишно од оваа болест се дијагностицираат во просек околу 14 пациенти кај нас, но оваа смртоносна болест ставена е под контрола благодарејќи на брзиот напредок на светската медицина.