Премиерот Димитар Ковачевски пред малку на својот Фејсбук профил објави дека денес во Владата ќе се одржи средба на лидерите на партиите од владинаката коалиција на која ќе се разгледа францускиот предлок, кој потоа во интегрална форма ќе биде објавен на веб страната на Владата.
-Како што ветив, отвораме процес на широки консултации. Денес во 11:00 часот во Владата ќе се одржи средба на лидерите на партиите од владината коалиција на која ќе се разгледува предлогот на француското претседателство. Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе го објавиме на официјалната веб страна на Владата.
Во текот на денот, покрај средбата со коалицијата, ќе се одржат низа консулатации и разговори со експертската и стручната јавност како и медиумите. Како што веќе најавив вчера целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори.
Повикувам на одговорност од сите релевантни чинители во општеството, шпекулации за важни државни и национални прашања не одат никому во прилог.
Оттука, апелирам до сите политички актери и медиумите да се потпираат на официјалните информации од институциите. Барам конструктивност и поддршка од сите чинители за да донесеме мудра одлука во интерес на сите граѓани, напиша премиерот.