До Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови.
Од Владата велат дека ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со Претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата.
-Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно, согласно Стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани. Сакаме да упатиме благодарност до Претседателот Макрон и француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот, информираат од Влада.