Анастасија и Владимир добија син – Наум Петрески по втор пат стана дедо – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/22 12:53 PM

Анастасија и Владимир добија син – Наум Петрески по втор пат стана дедо

Пејачката Анастасија Петреска и нејзиниот сопруг Владимир Поповски, пејач на групата „Биоритам“ по втор пат станаа родители.

Анастасија пред малку се породи и роди син.

-Ти благодарам љубов моја! Џиџе си доби братче, напиша Владимир објавувајќи дека им се проширило семејството.

Владимир за ММС рече дека на среќата ѝ нема крај.

-Пресреќни сме и му благодариме на Бога сѐ помина во најдобар ред. Бебето ќе се вика Лука, по наша желба, ни рече тој.

Анастасија и бебето се чувствуваат супер, потврди среќната мајка за ММС.

-Добри сме, сѐ помина во најдобар ред. Лука, името е по желба на татко му, е супер. Ниту Андреа, а еве сега и Лука не личат на мене, двајцата си личат на Владимир. Ај можеби третото ќе личи на мене, се пошегува Анастасија.

Анастасија и Владимир веќе неколку години се во брак, а пред две години станаа родители на ќеркичката Андреа.

Анастасија е позната и по тоа што е ќерка на македонскиот славеј, Наум Петрески. Тој пред две години за ММС изјави:

-Не знам одговор на прашањето што е помило, дете или внуче. Има љубов и за деца и за внуци. Мислам дека исто се сакаат. Андреја е убавица на дедо. Навистина супер се чувствувам во улогата на дедо, рече тој за ММС.

ММС го побара и среќниот дедо. А него го најдовме, како што вели, „в кафана“, веќе почнал да слави.

-Веќе почнав да славам. Среќен сум што сум дедо. Ама млад дедо сум. Кога ми се јавија дека Анастасија се породила јас го регистрирав автомобилот, а до станицата за технички преглед има кафанче. Како што ми кажаа така веднаш влегов во кафанчето и нарачав пиво. Навистина прекрасно чувство, нека е жив и здрав, рече Наум за ММС.

 

Наум Пертески: Не се плашам од старост, уживам да сум дедо на Андреа