Коментирајќи ги неодамнешните измени во законот за абортус во САД, Бет Мидлер го сподели својот став на социјалните мрежи.
„Време е да се забрани вијаграта. Ако бременоста е „Божја волја“, тогаш Божјата волја е и вашиот млитав пенис“, напиша актерката.
— bettemidler (@BetteMidler) June 27, 2022
Објавата се однесува на одлуката на Врховниот суд на САД која го отвори патот за силно ограничување на пристапот до абортус, а беше поддржана од многу корисници на Твитер.
Мидлер е прилично гласна за ситуацијата со абортусот во Америка. По пресудата со која Врховниот суд ја поништи пресудата на Ро против Вејд од 1973 година, актерката на Твитер напиша дека Врховниот суд е глув „за волјата, па дури и за реалните потреби на американскиот народ“.
Фото: Јутјуб