Ќе игра за Македонија со срце, како што играв јас – Фудбалската легенда Илчо Наумоски стана татко – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/22 10:37 AM

Ќе игра за Македонија со срце, како што играв јас – Фудбалската легенда Илчо Наумоски стана татко

Фудбалката легенда и поранешен репрезентативец, Илчо Наумовски стана татко.

Неговата сопруга Сара утрово во Виена роди син.
Убавата вест Илчо ја сподели на социјалните мрежи:

-Здраво тато, се викам Милан Наумоски. Добро ни дојде татин ангел, напиша тој, објавувајки фотографија од синот, а лицето му го прекрил со срце.

 

-Се е во ред Сара и бебето се супер. Поради короа правилата кои уште важата, можам да го видам после три дена. Сакав да пристсуствувам на породување ама не ми дозволија. Едвај чекам да си ги земам и да ги донесам дома. Кога ми се јави Сара по породување и ми прати слика станав свесен дека сум татко. Најважно што ми беше да биде се во ред, а кога веќе е така скокаш од радост. Ми благодарам на Господ што ми ја пружи оваа убавина. Вчера вечерта се роди во 22 часот и уште не сум спиел, не можам да спијам. Некое возвишено чувство кое не можам да го објаснам. Кога сите ми кажуваа какво чувство е јас не верував ама сега знам колку е убаво, вели возбудено Илчо за ММС.

Милан се родил вчера вечерта. Бебебто е долго 55 сантиметри а тешко 4.300 килограми. Како и секој татко така и Илчо се надева дека Милан ќе биде фудбалер.

-Многу клоцаше, ништо чудно. Ама знам дека ќе навива за „Партизан“, се му имам купено од овој тим. И знам дека еден ден ќе заигра за Македонија од срце како што играв јас. Ма мора да игра, ако не сака да се караме, се шегува тој.

Илчо и Сара се свршија во Крушево веднаш по Нова Година, а во март направија мала веселба во Виена. Големата свадба ја планираа кога ќе се роди бебето и кога ќе завршат ковид мерките.

-Свадба и крштевка заедно. Идното лето, малку да потпорасне бидејки сите мои другари и нејзини другарки се слободни на лето.Прво и најважно ни беше да се роди бебето, па потоа свадбата. Бевме договорено дека ако се смират мерките поради пандемијата секако ова лето, но ако остане вака ограничено свадба може да правиме и следното лето. Значи остана за следното лето, рече тој за ММС.

Весна Миленковска

 

Да се роди Милан, па ќе правиме голема македонска свадба – Фудбалска легенда Илчо Наумоски се ожени во Виена

„Уште кога се запознавме имаше некој знак во воздухот“ – Фудбалската легенда Илчо Наумоски ја запроси девојка си Сара, ракометарка од Србија