Премиерот Димитар Ковалевски денес од говорницата одговараше на пратенички прашања, па во еден од долгите одговори тој се осврна на вчерашната збрка на Комисијата за политички систем и кажа:
-Ако се погледнат снимките само од вчерашниот ден, каде пратеник што во моментов додека зборувам ми се смее, со мобилниот телефон ја снимаше претседателката на комисијата за политички систем, на 15 сантиметри од нејзиното деколте. Се прашувам што ќе ѝ прави на таа снимка тој, кажа Ковачевски, мислејки напретседателката на Комисијата за политички систем Снежана Калевска-Ванчева од СДСМ.
Ковачевски не кажа кој е тој пратеник, кој непристојно ја снимал колешката, а нему му се смеел в лице. .