Сонцето е пријател на здравјето. Но истовремено, претераното изложување на сончевите зраци поттикнува низа сериозни здравствени проблеми.
Благодетите на сонцето за секој поединец и целиот свет се многу големи. Истовремено штетните ефекти од сонцето се бројни, а можат да бидат дури и фатални. Како да се искористи сонцето, а да не си наштетиме на себе? Како да се најде вистинска мерка? Ова се дилеми и прашања, кои го мачат секој од нас, како и стручњаците и лекарите, поебно во летниот период.
Сончевата светлина овозможува правилен раст и развој на целиот организам, помагајќи го комплетниот ефект на витаминот Д и формирање на коскениот систем, влијаејќи на развојот и функционирањето на централниот нервен систем, делувајќи благопријатно во некои состојби на нарушено психофизичко здравје.
Илјадници години, човекот, свесно и несвесно, развива различни обрасци на адаптација и одбрана од штетните влијанија од сончевото зрачење, за да се земе најдоброто,а да се заштити од можните последици. На тој пат човекот се сретнува со модата, моќен диктатор, на кој подлегнува или се подоложува.
Претерано изложување на сончеви зраци
Знаеме дека сонцето, ја намалува отпорноста на кожата и целиот организам, некогаш дури делувајќи како поттикнувач на целиот ланец имунолошки условени заболувања, како што се системските болести на мускулите, некои инфективни болести… Исто така, сонцето може да доведе до појави на рак на кожата и најмалигниот од нив-меланом, доведувајќи до промени во младежот, но и на место каде што нема младеж. Влијаејќи на сите структури на кожата, а на сврзното ткиво најмногу, помага при забрзано стареење на кожата, која станува тенка, сува, збрчкана, со намалена еластичност, со појава на кафеави дамки.
Знаеме и дека некои од хемикалиите нанесени на кожата доведуваат до појава на дамки,, залергиски или воспалителни промени. Таков е случајот со некои козметички препарати, парфеми, растителни сокови, лекови… Има лекови и други хемикалии кои внесени во организмот даваат поизразен негативен ефект од сонцето. Интензивното изложување на сонце може да доведе до изгореници на кожата, од црвенило до појава на меурчиња со лупење.
Типови на кожа и сончањето
Дали сите сме еднакво чувствителни на сончевото зрачење? Секако дека не. Секој од нас има свое специфично, лично заштитно време изразено во минути, за кое кожата без заштита може да биде изложена на сонце пред да поцрвени. Должината на тоа време зависи од фототипот на кожата:
Тип еден симболизира бела кожа со пеги, црвена или руса коса, сини очи. Оваа кожа секогаш поцрвенува, лесно гори при сончањето, бидејќи личното заштитно време е 10-20 минути.
Тип два се карактеризира со светла кожа, руса коса, светли очи, секогаш поцрвенува, минимално поцрнува, чесно гори, лично заштитно време е 10 до 20 минути.
Тип три е светла кожа, кафеава коса и очи, понекогаш поцрвенува, лесно поцрнува, ретко гори, а личното заштитн овреме е од 20 до 30 минути.
Тип четири е темна кожа, темни очи и коса, не црвенее, лесно поцрнува, ретко гори, а лично заштитно време е 40 минути.
Тип 5 е темно кафеава кожа, темни очи и коса (азиски тип) и исклучително ретко може да изгори, секогаш потемнува и тип шест-црна кожа, црни очи (афрички тип), никогаш не гори.
Извор: medigroup.rs