Семејна трагедија: Уште едно дете се задуши во вжештен авомобил – Таткото го внел дома па се застрелал! – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/22 3:00 PM

Семејна трагедија: Уште едно дете се задуши во вжештен авомобил – Таткото го внел дома па се застрелал!

Американец од Вирџинија кој го заборавил синот во вжештениот автомобил, поради што детето починало, се застрелал неколку часа подоцна.

Полицијата во округот Честерфилд добила повик дека 18-месечно момче поминало неколку часа во автомобил без надзор,а овие денови температурите се многу високи.

Тие се упатиле кон нивната семејна куќа во Мидлотијан каде  откриле телоа на дете и маж.

Очигледно таткото случајно го заборавил синот во автомобилот, а кога се вратил по неколку часа видел дека детето не е спасено. Го внел во куќата, а потоа се самоубил.
Според Си-Ен-Ен, секоја година во САД умираат 38 деца помлади од 15 години, бидејќи се заборавени во автомобилите.

Извор: espreso.co.rs

Фото: Facebook.com/