Фејсбук и Инстаграм ги забранија објавите за апчиња за абортус – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/22 2:08 PM

Фејсбук и Инстаграм ги забранија објавите за апчиња за абортус

Фејсбук и Инстаграм во иднина ќе ги отстрануваат објавите на корисниците кои нудат пристап до апчиња за абортус. Официјално, причината е кршењето на правилата за фармацевтски производи.

Откако американскиот Врховен суд го укина правото на абортус, корисниците на социјалните мрежи почнаа да споделуваат објави во кои се нудат пилули за абортус и испраќање по пошта на луѓе кои веќе немаат пристап до нив или наскоро ќе бидат оневозможени. Но, објавите набрзо беа отстранети, а тоа го покажала и тест-објавата на некои западни медиуми, која била отстранета за една минута.

Продажбата, подарувањето и преносот на оружје и марихуана се исто така забранети, со истите правила на „Мета“. Сепак, во тестот на „Верџ“, на пр., со намерна објава поврзана со испраќање марихуана по пошта, таа не била отстренета.

МИА